Де Хеа ќе ја намали платата за 25% само за да остане во Манчестер Ј.

199

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа е подготвен да прифати и намалување на платата за да обезбеди долгорочна иднина на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ веќе ја активираа опцијата за продолжување на неговиот договор за дополнителни 12 месеци, со што тој ќе остане во клубот до крајот на следната сезона.

Сепак, 32-годишниот Шпанец би сакал да остане и подолго во дресот на Јунајтед, па затоа бара нов договор на најмалку три години. Де Хеа им најавил на клупските газди дека сака да си ја обезбеди иднината и дека парите не се движечка сила во ситуацијата, што значи дека е подготвен да ја намали платата доколку е потребно.

Тој во моментов е најплатен во редовите на „црвените ѓаволи“ со околу 375.000 фунти неделно и ќе мора да ја намали платата за повеќе од 25 отсто за да добие шанса за нов тригодишен договор.

ПретходноТРЕТАТА ТУРНИРСКА ФАЗА ВО „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk ЗАВРШИ, СЛЕДУВА СРЕЌНО ТРКАЛО
СледноДенеска на СП: Хрватите веруваат во чудо, Германија по прва победа над Норвешка