Конте во јуни си заминува, Тотенхем ќе го врати Покетино

228

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, тврди италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

Конте не ги оправда целосно очекувањата во Тотенхем, па од управата сериозно ја разгледуваат опцијата за негова замена.

Менаџерот сигурно нема да потпише нов договор со Спарс, затоа што и управата не е подготвена во овој момент да му понуди нова соработка.

На Антонио Конте договорот му истекува на крајот на сезоната и самиот тој е скептичен дека би сакал да остане во Лондон.

Во меѓувреме, венсикот „Мирор“ објави дека Тотенхем сака да си го врати Маурисио Покетино, кој го напушти клубот во 2019 година.

ПретходноЦрвена Звезда донесе бек од Ривер Плejт
СледноПеп: Арсенал не ни бега 25 бода, се уште можеме да бидеме шампиони