Ѓоковиќ во четвртфинале: Де Минаур решен во три експресни сета

143

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен. Деветкратниот шампион на првиот Грен слем сезонава го декласираше локалниот фаворит Алекс Де Минаур со 3:0 во осминафиналето, по сетови 6:2, 6:1, 6:2.

Новак денеска немаше видливи проблеми од повредата и брзо и ефектно го реши противникот. Противник на Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе му биде шестопласираниот Русин, Андреј Рубљев, кој утрово во вистинска драма го совлада Данецот Холгер Руне со 3:2 во сетови.

ПретходноДенеска на СП: Хрватите веруваат во чудо, Германија по прва победа над Норвешка
СледноРакометарите на мегдан со Мароко, победа ќе значи битка за 27. место на СП!