Веселин Вујовиќ се најде на мета на данските медиуми, откако пред некој ден го прозва Матијас Гидсел и го нарече „мало глувче“. Вујовиќ, кој на Светското првенство го водеше тимот на Иран, го критикуваше Гидсел откако одби да се ракува со Дувњак по мечот меѓу Хрватска и Данска.
Неговата изјава во Данска беше дочекана на „нож“. Тамошните медиуми испратија бројни навреди на негова сметка, дури од архива вадеа дел од препознатливите испади, тој ниту во сон не можеше да очекува дека ќе биде прогласен за „криминалец“.
„Апсолутно не. Не очекував ваква реакција кон мене, кон Дувњак, кон хрватската репрезентација. Толку омраза што е неверојатно. Ме третираат како да сум криминалец. Немав намера никого да навредам, но не ми беше јасно дека дете кое штотуку зачекорило во ракометот, без разлика колку е талентирано, може да ја одбие раката на легендата Домагој Дувњак.
Тоа е она на што сакав да останам, но она што се случи подоцна ги надмина сите граници на нормалноста. Мојата ќерка добива навредливи пораки на социјалните мрежи поради мојата изјава за Гидсел. Неверојатно. Не можам да разберам дека почнаа да вадат некои мои грешки од архивите кои беа во мојата кариера“, изјави Вујовиќ за „Индекс.хр“.