Крајниот рок за трејд во НБА-лигата е 9 февруари, и како и обично, повеќето се очекува да бидат направени во последните денови, па дури и минути. Но, ЛА Лејкерс не можеа повеќе да чекаат и го направија првиот значаен трејд оваа сезона во НБА и го доведоа Јапонецот Руи Хачимура од Вашингтон Визардс.
Тие испратија Кендрик Нан и три идни драфтови во втората рунда. Со ова тие го сочуваа своето највредно богатство во преговорите, првиот круг драфт пикови во 2027 и 2029 година, а во списокот додадоа играч кој може многу да им помогне веднаш.
Finalized deal: Rui Hachimura for Kendrick Nunn, 2023 second via Chicago, 2029 LA second and and less favorable of 2028 Washington/LA seconds, sources tell ESPN.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) January 23, 2023