Иако играше само половина час – Мудрик го собори рекордот по брзина во Премиер лигата

551

Челзи го донесе украинскиот офанзивец Микајло Мудрик за 70 милиони евра плус дополнителни бонуси поради што сумата може да достигне и преку 100 милиони евра. А по само половина час (поточно 35 минути) против Ливерпул покажа дека „сините“ паметно инвестирале.

Тој е во неверојатна форма, се изненадија од Челзи, додека тајната ја откри неговиот кондициски тренер Дима Чаповскиј.

Мудрик останува во теретана повеќе часови за да работи на подобрување на физичката форма. Тоа го остварува со низа вежби кои ја ставаат на тест неговата физичка издржливост. Освен работа со тегови, користи и уште неколку чекори за да ја зајакне мускулатурата.

37,0. Тоа не е температура. Тоа е брзината која Мудрик достигна на натпреварот. Тоа е уште една карактеристика“, вели Чаповскиј.

На мечот го полуде искусниот Џејмс Милнер кој не можеше да го следи и се обидуваше да го оневозможи со неколку лизгачки стартови. Статистичките податоци покажуваат дека уште на првиот меч го соборил рекордот од најголема брзина сезонава.

Статистиката не покажува 37 км на час колку што вели неговиот тренер, туку официјално Мудрик направил спринт од 36,64 км на час што е подобрување на претходното достигнување на Антони Гордон од Евертон со 26,53 км на час. Трет е Дарвин Нуњез од Ливерпул, а следат Ерлинг Халанд и Денис Закарија.

ПретходноБосна во најсилен состав против Македонија!
СледноПромотерите на Супер лигата преговараат со 50 клубови