Барди има понуда од Ница

176

Во последните денови се шпекулира за заминување на македонскиот интернационалец Енис Барди. Турските медиуми веќе подолго време пишуваат дека Барди не ги задоволил луѓето од Трабзон кои планираат да прифатат поволна понуда и да го продадат Македонецот во некој друг клуб плус да заработи нешто од него. Трабзон го купи Барди за 3 милиони евра, па сака да извлече барем толку.

За Барди доаѓа понуда од француската Лига 1 поточно од екипата на Ница во која играат Каспер Шмајхел, Арон Рамзи, Николас Пепе и други.

Дел од турските медиуми пишуваат дека Барди може да се врати во Шпанија меѓутоа не во Леванте каде што играше претходно туку во Мајорка во Ла Лига.

ПретходноПромотерите на Супер лигата преговараат со 50 клубови
СледноФК Скопје утре на тест со Пирин во Благоевград