Скијањето има нова кралица – Шифрин ја „измести“ Вон од тронот

98

Американката Микаела Шифрин ја забележа 83. Победа во Светскиот куп во алпско скијање, со што изби на првото место на вечната ранг листа кај дамите. Со својот триумф денеска во првиот велеслалом во Кронплац (Италија) американската скијачка ја претекна својата сонародничка Линдзи Вон која ја заврши кариерата со 82. победи.

Следната цел на Шифрин ќе биде апсолутниот рекорд на легендарниот шведски скијач Ингемар Стенмарк кој забележа 86 победи во кариерата.

Инаку во Кронплац, второто место го освои Лара Гут-Бехрами со 0,45 секунди послабо време од Шифрин. Трета на подиумот се качи Италијанката Федерика Брињоне.

Утре на програмата е вториот велеслалом во Кронплац.

ПретходноСтатистиката не лаже – Барселона ја има најдобрата одбрана во Европа
СледноБрегалница минимално против Тиквеш