Македонскиот кошаркарски интернационалец и репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е дел од одбраното друштво во ВТБ рускиот шампионат кое ќе учевстува на Ол стар натпреварот.
Во својата прва сезона во дрест на Уникс Казан, Димитријевиќ покажа и тоа како завидно ниво на форма, и капацитет, па учевството на овој Ол стар дуел воопшто не треба да изненади никого.
Мечот ќе се одржи на 16 февруари, а кошаркарите се поделени на New school и Old School. Димитријевиќ е во New school екипата, заедно со Џастин Робертсон, Џејлен Барфорд, Данил Касаткин, Дерил Мејкон, Самсон Руженцев, Сергеј Карасјов, Антон Астапкович, Андреј Лопатин и Никола Милутинов.
Можно е Македонија на овој спектакл да има уште еден претставник во името на Емил Рајковиќ како тренер. Рајковиќ со ЦСКА Москва сезонава сеуште нема пораз.