Франкфурт со бод на гостувањето кај Фрајбург, Унион Берлин триумфално во Бремен! (ВИДЕО)

67

Вечерва се одиграа четири натпревари од 17.коло во Бундеслигата. Во дербито на колото, Фрајбург и Франкфурт одиграа без победник, 1:1, со што освоија по бод. Поведоа гостите со голот на Коло Муани во 42.минута, додека Фрајбург израмни во 47.минута преку Гинтер.

Во Бремен, тимот на Унион Берлин со 1:2 ги освои трите бода против Вердер. Хаберер и Бехранс стрелаа за гостите, додека Пиепер успеа да донесе само водство на домашните во 13.минута.

Леверкузан на свој терен со 2:0 го победи Бохум. Стрелци на головите беа Тапсоба и Хлозек.

Аугсбург со 1:0 како домаќин славеше против Менхенгладбах и тоа со голот на Бериша во 82.минута.

ПретходноДебоне ја отпиша Германија, Франција закажа полуфинале со Шведска!
СледноГо споредуваа со Нејмар а сега сакаат да го откачат!