По две години пауза, Енур Тотре, детето на Шкендија одново ќе го носи „црвено – црниот“ дрес на тетовскиот клуб. Она што беше најавувано веќе подолго време, од денеска е и официјално.
Повремениот репрезентативец ќе игра за Шкендија како позајмен играч на Ворскла Полтава (Украина), и тоа во следните шест месеци.
„Многу е убаво чувството повторно да си дома, во клубот каде што пораснав. Шкендија има посебен дел од мојот живот и многу сум среќен што ќе играм за овој клуб“ рече покрај дугото Тотре.