Херера е нов играч на Докса

869

Колумбиецот со Македoнски пасош, Себастијан Херера е нов играч на прволигашот од Кипар, Докса. За овој тим веќе настапуваат неговите поранешни соиграчи од времето минато во Работнички, Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски што ќе рече дека во овј клуб се создава права мини македонска колонија.

Со ова се завршува сагата околу трансферот зимава на Херера, кој беше пред промоција во Шкендија, но тој трансфер се изјалови од напознати причини.

Херера е колумбицки интернационалец кој целата речиси своја сениорска кариера ја мина во Македонија, а имаше и краток излет во Унгарија во тимот на МТК. Потпиша верност на 1.5 година.

 

ПретходноФановите на Атлетико го “обесија“ Винициус (ВИДЕО)
СледноБојан Спиркоски нов играч на Пелистер