Штутгарт го сака Адеми, но Динамо не дава дозвола

271

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми има понуда од Бундес лигата, меѓутоа Динамо Загреб не сака да даде зелено светло за трансфер. Од Динамо пред неколку дена изјави дека „Максимир“ може да го напушти само Ливаковиќ и никој друг.

Адеми поднел барање за трансфер по несогласувања со тренерот Анче Чачиќ, меѓутоа после разговор на главните луѓе во клубот, сепак, одлучено е Македонецот да остане во Динамо. Адеми имал понуда од Адана, од клуб од Саудиска Арабија, се зборуваше и за Валенсија но Динамо истакна дека капитенот нема да си оди.

Па така пропаѓа и понудата на Штутгарт и шансата Адеми, барем оваа сезона, да заигра во Бундес лигата. Од Динамо соопштија дека на Адеми му спремаат нов договор.

 

ПретходноМилан се откажа од трката по Заниоло по понудата на Борнмут
СледноЕвролига: Фенербахче „потона“ во Лион