Виктор Ангелов потпиша за романска Глориа Бузау

386

Некогашниот македонски репрезентативец Виктор Ангелов е нов играч на романска Глориа Бузау.

Трансферот беше потврден од романскиот второлигаш, каде Ангелов доаѓа како слободен играч по завршувањето на соработката со екипата на Академија Пандев. Договорот е на 1,5 година.

28-годишниот напаѓач има големо интернационално искуство затоа што досега мина низ повеќе странски екипи. Тој има искуство и од настапите во Романија, затоа што една година беше член и на екипата на Волунтари.

ПретходноИ во третиот меч во 2023 Баерн (М) не знае за победа (ВИДЕО)
СледноСпуштен „гардот“ на МЗТ Скопје во Подгорица, без одбрана – нема победа!