Е. Пелистер утре ја отвара новата сезона СЕХА-лига. Битолскиот тим на стартот ќе игра против Војводина на гостински терен.
За оваа средба тренерот Ларс Валтер нема да смета на четворица играчи. Емилијан Ѓорговски, Руди Сери, Мухамед Суси и Бојан Маџовски останаа во Битола.
Шанса да ги одигра првите минути во Е. Пелистер ќе чека Петар Атанасијевиќ, кој по СП и одличниот настап беше прекомандуван во првиот тим. Минатата сезона македонскиот вицепрвак го освои бронзениот медал во ова натпреварување.