Тимот на Тиквеш денеска на домашен терен одработи пријателски меч против првлигашот од Косово, тимот на Феризај, и патем, триумфираше со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот гол на овој дуел беше Александар Мишов, во 25. минута од првото полувреме.
Мишов е повеќекратен стрелец зимава на пријателските мечеви на Тиквеш што значи дека напаѓачот се наоѓа во одлична форма во моментов.