Бунтовникот Гордон го засили Њукасл, а Тете е првиот Бразилец кој ќе игра за Лестер

248

Официјално, Њукасл ги засили своите редови со младиот офанзивен играч за врска Ентони Гордон кој ги бојкотираше тренинзите на Евертон изминатите денови сакајќи да издејствува трансфер. „Карамелите“ кренаа раце и го продадоа 21-годишниот англиски фудбалер, а неофицијално сумата на трансфер е 40 милиони фунти плус 5 милиони во форма на бонуси, а договорот е до 2028 година.

А Лестер објави дека нов играч во тимот е бразилското крило Тете кој доаѓа како позајмен од редовите на Шахтјор Доњецк. Договорот е со важност до 1 јули оваа година без опција за откуп на договорот што значи дека играчот ќе мора да се врати во Шахтјор по истекот на позајмицата. Тој е првиот Бразилец во редовите на „лисиците“.

Инаку првиот дел од сезоната Тете го помина како позајмен во Лион со тоа што постигна шест гола и пет асистенции. На него му беше дозволено од ФИФА да го напушти Шахтјор после воената инвазија на Русија врз Украина, па тој прејде во Лион. Сега ќе игра за Лестер.

 

ПретходноТрета во низа: Еуро Никел ја продолжи серијата победи
СледноШкринијар: Да, потпишав за ПСЖ, сега чекам клубовите да се договорат