Интернационалец од Србија, како што е тоа обичај во таборот на Силекс е најновата аквизиција кога станува збор за напаѓачките редови.
Кратовци на пролет ќе бидат посилни за Александар Катаниќ играч кој во моментов има 27 години и кој последно игра за тимот на Младост ГАТ. Претходно има едно интернацонално искуство во тимот на Хонка во Финска.
Има настапувано во екипите на Бачка, Старо Бановци, Лозница, Телеоптик, Бежанија и Металац.
Силекс в четврток заминува за Анталија, каде што ќе го одработи главниот дел од подготовките зимава.