Пелистер на поправен кај Нексе, Валтер најавува: Имаме добри шанси за израмнет дуел!

104

По поразот од Војводина на отварањето на СЕХА-лига, Е.Пелистер денеска ќе има шанса да го поправи впечатокот и да покаже дека и во вториот дел од сезоната ќе има што да понуди.

Противник на битолчани е Нексе, мечот се игра во 18 часот во Нашице. Ларс Валтер вели дека се среде подготовки, а некомплетниот состав е една од причините што неговиот тим не блеска.

„Нексе е одличен тим, но видовме дека ја направија истата грешка, како и ние против Војводина. Среде подготовки сме, оставивме неколку ракометари дома за да ги заштедиме, и затоа не изгледавме добро во Нови Сад. Но, сега имаме два дена за подготовка и ќе бидеме подобри. Проблем ни е што немаме многу ракометари тука во Нашице, дојдовме само со четири бека за да покријат шеесет минути, што не е многу. Најголемиот проблем за поразот против Војводина беа техничките грешки кои ги направивме. Ги имавме дури деветнаесет, што не е нормално. Тоа ни се случи бидејќи сме во подготвителен период. Физичките тестови минатата недела беа добри, па сега работиме само на ракомет и треба да се подобриме. Имаме добри шанси да играме израмнет натпревар против Нексе и ќе бидеме подготвени за тој дуел“, смета данскиот стручњак.

ПретходноДавитков се враќа во мак-баскетот после 15 години!
СледноРафаел Варан на 29 години стави крај на репрезентативната кариера!