Јорданчо Давитков после 15 години пауза се враќа во домашниот шампионат. Поранешниот селектор на македонската репрезентација ќе го води тимот на Струмица.
Новиот прволигаш и искусниот стратег договорија соработка до крајот на сезоната. Давитков треба да му помогне на тимот во Струмица да излезе од дното на табелата, на кое се најде после само две победи и десет порази.
Јорданчо Давитков работеше во Кувајт, ОАЕ и Бахраим. Тренерската кариера ја почна во Никол Ферт, работеше во Работнички, Неметали огражден, Поло Трејд.










