Распоредот на У-21 во квалификациите: Почнуваме со Шведска, завршуваме на гости кај Грузија!

226

Откако нашата У-21 репрезентација по ждрепката во Нион, дозан во која група сме за квалификациите за ЕП 2025, попладнево познат е и комплетниот распоред на натпревари за четата на селекторот Драган Канатларовски.

Како што е познато, У-21 Македонија се најде во групата Ц, а за ривали ги имаме селекциите на Шведска, Холандија, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Според распоредот нашите надежи првиот меч ќе го одиграат со Шведска на гости и тоа на 8 септември оваа година, додека завршуваме со Грузија исто на гости на 15 октомври следната година.

Еве го комплетниот распоред:

Шведска – Македонија    (8 септември 2023)

Македонија – Холандија (12. септември 2023)

Молдавија – Македонија (17. октомври 2023)

Македонија – Грузија       (16. ноември 2023)

Македонија – Гибралтар  (21. март 2024)

Македонија – Шведска     (26. март 2024)

Холандија – Македонија  (5. септември 2024)

Гибралтар – Македонија  (9. септември 2024)

Македонија – Молдавија  (11. октомври 2024)

Грузија – Македонија        (15. октомври 2024)

ПретходноМу се смешка Серија Б: Јуве ќе биде казнет со одземање на нови 20 бода!?
СледноОфицијално: Алими до јуни во Работнички!