Ремзифаик Селмани потпиша за Партизани Тирана!

453

Од денеска Ремзифаик Селмани е нов член на Партизани Тирана. Екс младинскиот репрезентативец на Македонија, некогашен чклен на Шкендија и Ренова, кој имаше и интернационална кариера во Унгарија, потпиша 2,5 годишен договор со еден од најголеми клубови во Албанија.

Инаку Селмани оваа зима беше трансферна цел на повеќе нашки клубови, неговото име се врзуваше со Шкендија, Шкупи, А. Пандев, секако Струга ТЛ, имаше и понуди од Романија и Унгарија, но сепак Партизани од Тирана беше најупорен и испрати најдобра понуда, па така Ремзи Селмани одлучи да ја прифати.

Се очекува во текот на денот да биде извршена и промоцијата.

ПретходноГринвуд ослободен од обвиненијата!
СледноИталија во шок: Петмина фудбалери обвинети за силување, ги чека затворска казна!