Во последните часови од зимскиот преоден рок можеше да се случи уште една голема трансфер-бомба. Имено, Томаш Гонзалес, новинар кој е специјализиран како инсајдер во Реал Мадрид, објави досега непознати детали од преодниот рок бо кои тврди дека менаџерите на Душан Влаховиќ го понудиле фудбалерот на Јувентус во Реал (М).
Влаховиќ, кој има проблеми со повредите, сакал да си замине од Торино, но Реал не бил подготвен да преговара за негово купување. Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти рекол дека прво мора да види што ќе прави со Маријано Дијаз, резервниот напаѓач, кој треба да си замине на лето. За Влаховиќ може да се преговара во јуни.