Случај Гринвуд: Дали младиот фудбалер ги потплати сведоците, па дури и семејството на жртвата?

543

Фудбалските фанови во Англија не веруваат во невиноста на Мејсон Гринвуд, иако тој вчера од судот беше прогласен за невин по обвиненијата за силување, напад, сексуален напад и смртни закани.

Според дел од пишувањата на социјалните мрежи, многу спорен е еден детаљ од полициското соопштение во кое се вели: „полицијата смета дека не може да ја докаже вината на Гринвуд со сегашниот сет на докази и сведоци“.

Според фановите, во случајот на младиот фудбалер на Манчестер Ј. главен фактор за „пад на случајот на суд“ е комбинацијата на повлекување на клучните сведоци и појавата на нов материјал кој го оневозможи гонењето со реални изгледи за осуда.

Врз основа на сите информации (и новите и оние што се појавија минатата година дека изненадувачки таткото на девојката сакал брзо сè да се премолчи), изгледа дека Гринвуд направи сценарио во кое дебело ги платил сведоците  меѓу кои најверојатно е и жртвата и нејзиното семејство. Ако не е така, сметаат фановите, Гринвуд сигурно ќе тужеше за клевета, што досега не се случи.

ПретходноФФМ домаќин на УЕФА меѓународна работилница за клупско лиценцирање
СледноОдиграни првите мечеви од Купот на ОФМ