Одиграни првите мечеви од Купот на ОФМ

105

Со натпреварите од Купот на ОФМ, стартуваше вториот дел од одбојкарската сезона. Во машка конкуренција се одигра еден од двата планирани мечеви од осминафиналето, каде учество имаа екипите пласирани од 8-то до 11-то место во есенскиот дел од шампионатот.

Одбојкарите на Универзитет во Тетово со максимални 3:0 беа подобри од екипата на Македонија Џио, додека вториот планиран меч меѓу Петровец и Сушево е презакажан за в сабота.

Кај дамите, се одигра еден меч во претколото за место во осминафиналето. Младите одбојкарки на Фламинго Волеј со максимални 3:0 славеа над Куманово.

МАЖИ: Претколо за четвртфинале

Универзитет во Тетово – Македонија Џио 3:0 (25:18, 25:14, 25:18)

Петровец – Сушево (сабота)

ЖЕНИ: Претколо за осминафинале

Фламинго волеј – Куманово 3:0 (25:7, 25:10, 25:19)

ТЕ волеј – Универзитет во Тетово (0:3 – службен резултат)

ПретходноСлучај Гринвуд: Дали младиот фудбалер ги потплати сведоците, па дури и семејството на жртвата?
СледноДКСК вели кривично да се гони Наумче Мојсоски