По Дарко Размоски, Вардар денеска промовираше уште едно ново име во своите редови. Тоа е Дејан Цветаноски, искусен напаѓач кој доаѓа од Силекс а има настпувано за повеќе наши клубови како Струга ТЛ, Ренова, Победа, Пелистер…
Секако дека со Цветаноски во нападот Вардар ќе добие на искуство, но и на поголем ростер ако се знае дека поради проблемите во клубот, од Вардар си заминаа оваа зима повеќе клучни играчи.