Добра вест за селекторот Благоја Милевски. Дарко Велковски одново игра за својот Ал Етифак. Имено тој вечерва по речиси цели четири месеци пауза, последен пат настапи на 16 октомври, се најде во тимот и тоа како стартер против Ал Далх, во меч со многу пресврти кој заврши со триумф на Велкоски и другарите со 3:2 во меч од елитната лига на Саудиска Арабија. Македонецот го одигра целиот меч.
Ова значи дека повредата на еден од нашите клучни играчи, посебно во одбраната е минатото и дека ќе биде фит за стартот на квалификациите за ЕВРО 2024 следниот месец. Познато е дека првиот меч го играме со Малта во Скопје на 23 март.