Вистина или не? Дали Здравко Мамиќ и дефитивно нема веќе да биде ништо во Динајмо Загреб или не? Имено тој денеска од БиХ, каде веќе шест години се крие од правдата во Хрватска, порача дека му е доста од се што се случува со Динамо и дека “потпишал“ капитулација.
Да потсетиме дека “неговите“ луѓе ја загубија битката за превласт во клубот.
“Веќе неколку месеци на својот мобилен го имам напишано своето простување. Јас сум завршена приказна. Доста ми е од се. Имам право на свој живот. Никакво фингирање, никакво фолирање. Сега кога можам, не можам да го дадам најдоброто од себе“ изјави попладнево од БиХ популарниот Мамиќ кој речиси 25 години беше на чело на балканскиот гигант.