Супер деби на Шон Дајч: Евертон е “жив“, очајниот Арсенал падна на “Гудисон“! (ВИДЕО)

176

Какво деби на клупата на Евертон за новиот стратег Шон Дајч. Прв меч на новиот тренер и тоа против Арсенал и тоа на “Гудисон“ и тоа со победа од 1:0. Стрелец на голот беше Тарковски во 60.минута. Одамна “карамелите“ не успеале да победат, тие и заборавија како изгеда тоа, но еве, денеска Дајч покажа како треба да се води тимот и успеа Евертон не само да победи туку и да го надигра лидерот Арсенал кој до овој меч едноставно си газеше.

Сепак треба да се каже дека тимот на Микел Артета денеска одигра очајно, и ова е само втор пораз сезонава во Премиерлигата за лидерот.

ПретходноМицовиќ пред дуелот со Олимпија: МЗТ може многу и дома но и на гости
СледноТиквеш рутински до триумф на контролата со Детонит!