Последнопласираниот тим на Елче кој денеска го освои само деветтиот бод во овогодинешната Примера сезона, на домашен терен попладнево го совлада тимот на Виљареал со конечни 3:1.
Иако што се вели, Елче се смета за испаднат тим сезонава, сепак, денешниот триумф покажа дека и во овој клуб сеуште се надеваат на опстанок.
Херој е искусниот Пере Мила кој ги постигна сите три гола на овој меч за домаќинот, додека пак Морено го постигна единствениот гол за Виљареал.