Тимот на Мајорка на домашен терен го направи изненадуњето на ова коло веројатно не само во Примера, туку и на целиот континент. Го совлада Реал Мадрид со 2:0, и на тој начин му зададе сериозен удар во битката да ја освои титулата сезонава.
Мајорка стигна до водство преку автоголот на Начо иако во тоа во многу влијаеше напаѓачот на Мајорка, Муричи со кого првиот беше во воздушен дуел. Начо очигледно сакајќи да ја одстрани опасноста со глава го лобуваше Лунин кој беше на голот на Реал.
Вториот клучен момент на овој меч се случи во второто полувреме кога Марко Асенсио имаше златна шанса за да израмни од белата точка, но србинот на голот на Мајорка, Предраг Рајковиќ маестрално брани и не дозволува израмнување.