Скопје загуби на контролата кај Феризај

501

Тимот на Скопје денеска гостуваше во соседно Косово, каде што одигра пријателски меч против тимот на Феризај. Мечот заврши со конечен резултат од 2:1, за косовскиот тим, а се играше на терен со вештачка трева. Временските услови не беа најјидеални, затоа што истиот беше речиси цел замрзнат.

Головите за домаќинот ги постигнаа Панадиќ во 20 односно Садриу во 40. минута, додека пак за „Пиратите“ стрелец беше Џејмс исто така пред полувреме. На крајот Скопје имаше и шанса да израмни но истата не ја искористи.

 

 

ПретходноМајорка го шокираше Реал Мадрид (ВИДЕО)
СледноНотингем Форест во одлична форма