Пријателски: Шкупи славеше над Динамо Тбилиси

288

Македонскиот фудбалски шампион Шкупи оствари победа од 2:0 над екипата на Динамо Тбилиси на пријателскиот натпревар одигран денеска во Анталија.

Чаирчани дојдоа до победата со головите на Данфа во 11’ и на Адетунџи во 36’.

По поразот од Конкордија вчера, ова е втора победа на Шкупи на подготовките во туристичкиот комплекс во Турција.

ПретходноГеоргиевски „бронзен“ на Президент Купот во Турција
СледноКејн испиша историја – 200 гола во Премиер лигата! (ВИДЕО)