Експедицијата на Шкендија веќе неколку дена е на подоготовки во Анталија, каде четата на стратегот Ќатип Османи ја бруси формата за пролетниот дел. Сепак, како што е и вообичаено за оваа фаза од подготовките, се случуваат и повреди. Па така најдобриот фудбалер на тетовци Љупче Дориев е повреден и тој не ќе може да настапи на денешниот дуел со Динамо Киев, фудбалскиот гигант од Украина.
Од таборот на Шкендија уверуваат дека повредата на Дориев не е од посериозна повреда, но сепак тој ќе го прескокне овој меч со Динамо Киев кој започнува во 15 часот.
Интересно е тоа што пред две години, исто така во Анталија тетовци и Динамо Киев одиграа исто на 6 февруари и тогаш Украинците победија со 1:0.
Да потсетиме дека во ЛШ младите екипи на Шкендија и Динамо Киев се сретнаа во 2019 година.
Досега во текот на подготовките во Анталија, Шкендија одигра два меча, и тоа со Мура (1:1) и со ЦСКА 1984 (0:2).
Денеска во Анталија пријателски мечеви ќе одиграат и Силекс со Сутјеска (Ц. Гора) и Македонија ЃП со Инхулец (Украина). И двата меча започнуваат во 13 часот.
Ново е тоа што и во Анталија, каде што неколку наши клубови престојуваат и се подготвуваат се осетил и тоа како земјотресот. Сепак се во ред со нашите фудбалери и експедиции и нема најави, барем засега, дека пријателските натпревари ќе се одложат.