Рабoтнички силно против Воска, МЃП со пораз од Инхулетс

561

Во последниот дуел пред враќањето од подготовките во Охрид, тимот на Работнички со 4:0 ја совлада екипата на Воска.

Прволигашот во целост го надигра ривалот и покажа дека периодов добро е работено во таборот на „Романтичарите“.

Стрелци на головите беа Анес Рушевиќ во првиот дел, а во продолжението погодија Величковски, Шаркоски и Елмас.

Работнички денеска се враќа во Скопје.

Од друга страна пак, тимот на Македонија ЃП на подготовките во Анталија минимално со 1:0 загуби од лигашот од Украина, Инхулетс.

 

 

ПретходноЦел одбојкарски тим е затрупан под урнатините на хотел во Малатија
СледноНиколиќ: Нека биде дерби спектакл како некогаш