Жилберт Енока, кој работел како психолог во националниот рагби тим на Нов Зеланд во последните 20 години, е ангажиран за нов психолог во екипата на Челзи.
Ова во вторник го соопшти рагби репрезентацијата на Нов Зеланд, каде исто така известија дека заминувањето на Енока во Лондон е со краткорочен договор.
Енока е ангажиран да поработи на тимскиот дух во Челзи и дека мора да помогне да се осигура дека многуте нови засилувања нема да пропаднат.
Жилберт Енока доаѓа во Челзи во тежок период, кога клубот моментално е деветти во Премиер лигата.