Некогашниот фудбалер на Хановер, искусниот стопер Бариш Башдаш преживеа вистинска драма за време на земјотресот во Турција, а сега се соочува со последиците како резултат на скок од вториот кат во зградата каде живеел.
Башдаш на лекарите кои го примиле на болничко лекување им рекол дека кога почувствувал силен потрес скокнал од балконот на својот стан на вториот кат од зградата. Со оглед на тоа дека скокнал од голема височина тешко ги повредил нозете.
Директорот на клубот Јени Малатијаспор во чии редови настапува Бариш, вели дека и тој го повредил коленото, а Бариш има повреди на нозете и рацете.
„Неговите прсти на нозете се 100 проценти скршени, не може да стои и да оди, не може да трча“, изјавил Ибриќ.