Играчи на Хамбургер се тркале низ град, па предизвикале страшна сообраќајна несреќа

979

Германската јавност утринава е шокирана откако локалните медиуми во Сент Паули објавија страшна сторија во која се вклучени два професиоални фудбалери, членови на тимот на Хамбургер.

Билд објави дека се работи за Жан Лук Домбе и Вилијам Микелбренцис кој во сопствена режија си организирале трка низ улиците на Сент Паули со своите скапоцени автомобили. Нормално, како што несовесното однесување носи лоши последици, Домбе во еден момент исгубил контрола на своето BMW M3 и се забил во автобуска станица.

Фотографиите од местото на настанот изгледаат стравично но очигледно само одличната сигурносна опрема на ова скапо возило го спасило фудбалерот од сигурна смрт.

ПретходноМанчестер Ј. за 120 милиони евра ќе го добие Осимен од Наполи?
СледноЕкс фудбалски репрезентативец на Сирија и неговиот син меѓу загинатите во земјотресот