Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан брзо се вратија на победничките патеки во ВТБ-лигата. Откако на стартот на вториот дел од сезоната беа убедливо совладани од Локомотив Кубан, вечерва се рехабилитираа против МБА Москва, на гости славеа со убедливи 63-94.
Уникс беше посебно импресивен во последната четвртина која ја доби со 10-30.
Македонскиот репрезентативец, мечот го започна како стартер. Во игра мина 17 минути за кои постигна четири поени, додаде уште три скока, две украдени топки и две асистенции.
Уникс Казан остана на второто место на табелата зад водечката ЦСКА Москва со скор од три порази и 22 победи.