Јаспер Силесен, некогашниот голман на Барселона и други клубови, како и на репрезентацијата на Холандија, се најде во во еден невиден скандал кој сам го креирал.
Имено неговата некогашна партнерка, со која има ќерка, Марија Моран го тужи фудбалерот дека го занемарува своето дете.
И тоа поради фактот што Силесен, иако “тежи“ 40 милиони евра, не сакал да го плати болничкото лекување на својата ќерка кое изнесува само 1.200 евра.
Тој се сложил целиот случај да оди на суд.