Турам го откачил Ливерпул и се договорил со Баерн (М)

308

Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам на лето ќе се пресели во Баерн Минхен.

Претходно беше објавено дека за францускиот фудбалер се заинтересирани Ливерпул, Тотенхем и Арсенал, но тој избра да остане во Германија и да игра за гигантот Баерн.

Турам има договор со Борусија Менхенгладбах до крајот на сезоната и ќе го напушти клубот како слободен играч.

Францускиот интернационалец е во Борусија од јули 2019 година. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 13 гола и направи 4 асистенции на 20 натпревари во сите натпреварувања.

ПретходноМарсеј го исфрли ПСЖ од Купот на Франција! (ВИДЕО)
СледноТрејд „бомба“: Кевин Дурент е нов кошаркар на Феникс Санс!