Според спортскиот адвокат Ник Де Марко, може да поминат и до четири години пред да се донесе одлука во случајот на прекршување на правилата за финансиски фер-плеј од страна на Манчестер Сити.
Љубителите на фудбалот и Премиер лигата очигледно ќе мора да бидат трпеливи за да ја дознаат евентуалната казна која би ја добил шампионот во случаите на финансиски прекршувања.
„Во слични случаи кои се однесуваа на Дерби и Шефилд Јунајтед, од обвинението до одлука помина повеќе од година и половина. Двата случаи вклучуваат две обвиненија во период од две години. Овде зборуваме за 115 обвиненија во период од 14 години и затоа нема да ме изненади ако целиот процес ќе потрае многу подолго“, вели Де Марко за „Тајмс“.
Во понеделникот Премиер лигата соопшти дека Манчестер Сити е обвинет за прекршувања на правилата за финансискиот фер-плеј.