Легендарниот голман на Валенсија се врати во Ла Лига

261

Поранешниот голман на бразилскиот национален тим и на Валенсија, Диего Алвес се врати во Шпанија и потпиша договор со Селта од Виго. Договорот е до летото 2023 година, а тој доаѓа како слободен фудбалер поради тоа што му истече договорот со Фламенго.
Од 2011 до 2017 година , Алвес помина во Валенсија и одигра 176 натпревари. Потоа се врати во Бразил, во дресот на Фламенго за кого одигра 182 натпревари. Со Фламенго го освои бразилскиот шампионат и Копа Либертадорес во 2019 година.
Инаку Алвес има 37 години.

ПретходноСилекс одигра реми против Согдијана од Узбекистан
СледноУкраински репрезентативец нокаутирал руски турист во Анталија