Во Кавадарци во пријателски натпревар прволигашот Тиквеш со 2:1 успеа да го совлада Пелистер во последниот подготвителен меч за двете екипи пред стартот на пролетната полусезона. Битолчани повеле со гол од пенал, за да потоа со головите на Чубара и Темелков, домашниот состав славел триумф со 2:1.
Пријателска одиграа второлигашите Беса и Тетекс, а победник беше тимот од Добри Дол кој со 5:1 просто го декласира составот од Тетово.
Во целост тимот на Таневски го надигра составот на Марковски, а тие пет голови кажуваат многу. Стрелци за Беса беа Ивановски, Џемаили, двапати Скендери и Назифи.