Со потписот на Нахуел Франко „пандевци“ го завршија зимскиот преоден рок

296
Млад аргентински фудбалер ги засили редовите на Академија Пандев. 21-годишниот Нахуел Франко стави потпис на две и пол годишен договор со струмичката екипа и тој е последното нивно засилување во зимскиот преоден рок.
Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец.
ПретходноСкопје тргна фуриозно – ја урна Струга!
СледноШкупи го нокаутира Жалгирис, Силекс убедливо поразен од Динамо Киев