Попладнево во меч од редовното коло во ХНЛ, Вараждин дома загуби од Хајдук и тоа со 1:4. Така високо да победат сплиќаните “заслужен“ беше и нашиот репрезентативец Агон Елези кој без никаква потреба преостро стартуваше врз Ловренчиќ кога резултатот беше 1:1 во таа 56.минута. Преостро па и “крвнички“. Следуваше жолт картон за нашиот репрезентативецм, но откако ја виде снимката судијата ја преиначи одлуката и му додели директен црвен на Елези.
Па така на Хајдук му беше лесно да дојде до убедливи 1:4 без Елези на теренот во тимот на Вараждин.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ