Голеада во финалето: Реал Мадрид е светски клупски првак! (ВИДЕО)

959

Победа и освоен пехар за мало смирување на страстите и нервозата во кралскиот клуб. Имено вечерва во Рабат, во финалето на СКП, Реал Мадрид успеа со 5:3 да го победи Ал – Хилал од Саудиска Арабија и да стане светски првак.

Вистинска голеада имаше на овој меч во кој сепак “кралевите“ покажаа кој е кој.

Со головите на Винициус и Валверде, четата на Карло Анчелоти уште во 18.минута поведе со 2:0. Сепак тимот од Саудиска Арабија во 26.минута со голот на Марега намали на 2:1.

Во 54. и 58.минута нови два гола за Реал Мадрид за 4:1, стрелци беа Бензема и Валверде. Ал – Хилал намали на 4:2 преку Вието, но Винициус со својот вто гол го носи Реал Мадрид на 5:2.

Сепак за да не би ова се од овој меч се погрижи повторно Вието во 80.минута за 5:3.

Спектакуларно финале со 8 погодоци.

Па така Реал Мадрид сега е шпански, европски и светски првак во исто време.

ПретходноБабунски со гол во 90+6.минута му донесе победа на Дебрецин!
СледноМлад фудбалер на Газијантеп извлечен жив после 94 часа под урнатини