Алегри ја „изгуби главата“, тргна кон еден навивач: Ајде дојди…(ВИДЕО)

341

Јувентус со голема мака успеа да освои три бода против Фиорентина. Натпреварот го добија со 1:0 и до самиот крај на натпреварот стравуваа за победа на овој натпревар.

„Старата дама“ не блескаше ниту на овој меч. Поведоа и се повлекоа, а таквиот кукавички пристап на играта воопшто не им се допадна на одредени навивачи кои ги фрлаа работите од трибините на теренот.

Еден од нив очигледно претерал. Момчето седеше во близина на клупата на Јувентус, па тренерот Масимилијано Алегри можеше да слушне се што дофрла.

Во еден момент му пукна филмот. Тој реши да се сврти кон трибините, тргна кон навивачот и му рече да се симне ако може.

„Затвори ја устата и дојди доле“, викна нервозниот Алегри кон навивачот кој ги навредуваше играчите на теренот.

Алегри е под голем притисок во Јувентус. Многу фанови на „Старата дама“ не го сакаат поради слаба игра која скапо го чини тимот.

Сепак, тој во неколку наврати јасно стави до знаење дека нема намера да си оди, има голема поддршка од раководството на тимот и речиси е сигурно дека и во следната сезона ќе го води торинскиот гигант од клупата.

ПретходноНов скок на Калин Ивановски на АТП-листата, Ѓоковиќ на една недела до историја!
СледноХаланд бесен и разочаран од потегот на својот соиграч, Пеп со коментар: Не знам зошто се случи тоа!