Шекил О`Нил, еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА, важи за човек кој секогаш има што да каже. Секогаш е тука за некој си коментар, па и за тоа кога станува збор за неговото богатство или семејство.
Тој деновиве за медиумите во САД даде интересна изјава кога станува збор за парите и за неговите деца.
Иако неговото богатство „тежи“ околу 450 милиони долари, некогашниот кошаркар буквално изјави.
„Во мојот дом има важно правило, а тоа се вика образование. Секогаш им велам на моите деца дека мора по секоја цена да учат и да бидат образовани. Во врска со парите тука нема дилеми, тие си знаат. Јас секогаш им велам дека ние како семејство не сме богати туку јас сум богат. Секако дека можеби ќе ги вклучам во одредени бизниси ако имаа афинитети за тоа, но нема да им оставам така ниту цент. Мора самите да се изборат за место во општеството и самите да си заработуваат за себе. Уште еднаш, ние не сме богати, јас сум богат, така им велам“ истакна О`Нил.