Алек Бецвиновски со само 17 години потпиша професионален договор со Мелбурн Сити, со еден од најдобрите клубови во Австралија. Според информациите до кои дојде „Спортмедиа“, станува збор за голем талент, а дека е така најдобро отсликува фактот дека Бецвиновски потпиша договор со Мелбурн Сити.
Инаку според нашите информации, ФФМ веќе има контакти со него и има покана да игра за Македонија, досега нема настапи за нашите млади репрезентации.
Сега тој е на потег.